Shquip

ЈЗУ Завод за нефрологија - Струга

Заводот за нефрологија постои повеќе од 30 години и персоналот е со големо искуство во облaста на нефрологија и урологија. Работаат специјалисти од областите: интерна медицина, урологија, радиологија, васкуларни пристапи и физикална терапија. Во рамките на заводот постојат и следните оддели: амбуланта за инфективни заболувања, лаборатории: биохемиска, имунолошка и микробиолошка, како и кабинет за ехотомографија.

Заводот располага со стручно обучен персонал, современа опрема, реверзна осмоза и овозоможува 24 часовна медицинска помош – грижа.

Освен пациенти од Р. Македонија во Заводот за нефрологија – Струга се лекуваат и пациенти од Р. Албанија, Косово и Србија.

Значајно е да го истакниме фактот дека заводот има склучувано договори со соодветни здравствени институции од Белгија и Германија, како би овозможиле беспрекорни медицински здравствени услуги на странски туристи како и на македонски граѓани кои живеат во странство. Доколку тие за време на летните одмори престојуваат во нашата земја, тие можат да бидат споени со т.н. “програма за дијализа на одмор”. Оваа програма се изведува во модерен објект лоциран покрај брегот на Охридското Езеро и е опремен со најсовремена апаратура која ги задоволува пропишаните светски здравствени стандарди и критериуми. Благодарение на експертскиот тим во заводот, на пациентите им е пружена најдобрата медицинска здравствена нега.

Охридскиот аеродром е на само 9 км од Струга и има секојдневни врски со сите делови на светот.

Што да очекувате

  • Високо-квалификуван персонал
  • Модерна опрема
  • Обратна осмоза
  • 24-часовна медицинска здравствена нега

За пациентот

  • Урогенитален тракт
  • Биохемиски параметри
  • Имунолошки параметри
  • Микробиолошки параметри